Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, рекол дека како градоначалник на метерополата за 72 часа ќе го исчистел цело ѓубре, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ѓорѓиевски, одговорноста за сметот во Скопје ја гледа кај менаџментот на Град Скопје, дека тој има име и презиме а во случајот тоа била Данела Арсовска.
„Можам да кажам како ќе функционирам и како ќе го водам градот Скопје, не треба оној кој е создавач на кризите и тој којшто треба да ги најде решенијата постојано да го вперува прстот во некој сите да бидат виновни освен тој. Одговорноста има име и презиме, односно тој којшто е менаџер на главниот град, во случајот Арсовска. Се знае каде е командната одговорност. Дали е директор на Комунална хигиена дали Управниот одбор колективна вина има таму кај сите и сите треба да си одговараат за непостапување соодветно. Јас немам детали за тоа што се случува внатре“ истакнал Ѓорѓиевски, за ТВ Сител.
Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, пишува дека Ѓорѓиевски изјавил дека стои позади секое ветување во изборната кампања за локалните избори.
Од партијата на Ѓорѓиевски посочуваат дека тој уште рекол оти одговорноста била уште поголема бидејќи во Советот на Град Скопје, партијата истовремено ќе го имала и мнозинство.
„Тоа што имаме апсолутно мнозинство значи дека имаме апсолутна одговорност, важно е мнозинството, важно е што граѓаните имаат сериозни очекувања од нас, одговорноста е уште поголема и тука нема да има изговор. Во Советот освен нашето цврсто мнозинство има партиципиенти од други партии на сите ќе им биде подадена рака. Потребно е јавно и транспарентно, одговорно да работите во интерес на граѓаните“ рекол Ѓорѓиевски.
Во неколку наврати градоначалничката Данела Арсовска објави дека Комунална Хигиена Скопје го управува 4 години претседателка на Управен одбор од ВМРО осудена правосилно за 2 тешки кривични дела.
Арсовска на фб, напиша:
„На Орце Самка Ѓорѓиевски пренесете му да не праи нарачки, ако сакал градот да е почист доволно е на нивнава партиска другарка Јулијана Спировска да и се јави, таман сега немаше да мора да се бори со демони“, напиша неодамна, Арсовска на фб.
Во неколку наврати Арсовска ги посочи и проектите кои ги кочеа советницигте на ВМРО-ДПМНЕ кои го имаа мнозинството во Град Скопје. Во продолжение го објавуваме списокот на проекти блокирани од владејачката партија, чиј кандидат е Орце Ѓорѓиевски.
