Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гори депонија меѓу штипски Пребег и Мерите

Гори старата депонија меѓу штипските населби Пребег и Мерите или местото познато како кај „Крстот“.

Командирот на Територијалната pротивпожарна единица (ТППЕ), Благој Ренџов за МИА вели дека во моментов пожарот на депонијата го гаснат пет пожарникари со две противпожарни возила. Пријавата до нив е пристигната во 15.30 часот и веднаш се упатиле да го гаснат пожарот.

На оваа депонија е дозволено да се депонира само градежен шут, но несовесни граѓани во потрага по старо железо и друг вид на отпад ја потпалуваат. Црниот чад кој доаѓа од оваа депонија се гледа и од центарот на градот Штип. 

Зачлени се на нашиот е-билтен