Гори симболот на Загреб

Синоќа околу 23:10 часот изби голем пожар во облакодерот на „Вјесник“ на Славонска авенија во Загреб. Огнот се шири вертикално преку конструкциските отвори и веќе зафатил повеќе ката, како и покривната конструкција.

Во моментот на избивањето на пожарот, според досегашните информации, во зградата немало никој.

На терен се 93 пожарникари со 30 возила, кои се борат со огнената стихија. Пожарот сè уште е активен и многу тешко се контролира.

„Поради зголемена опасност, пожарникарите беа повлечени од внатрешната интервенција“, соопштија од Јавната противпожарна единица на Град Загреб. Причината за пожарот засега останува непозната.

Очевидци кои се затекнале близу облакодерот изјавија за ХРТ дека им е тешко што гледаат како гори еден од симболите на Загреб.

„Пожарникарите даваат сè од себе, но не верувам дека може да се спаси“, рече еден од присутните.

Зачлени се на нашиот е-билтен