Град опкружен со лозја прогласен за Зелена престолнина на Европа: Кои се придобивките од оваа титула?

За да биде прогласен еден град за Зелена престолнина, апликациите прво се доставуваат до панел од независни експерти. Финалистите кои ќе влезат во потесниот избор потоа ги презентираат своите планови пред жири, составено од претставници на Европската комисија, агенциите на Европската унија и еколошките организации. 

Замислете град опкружен со лозја, со испреплетени велосипедски патеки што ја следат реката, додека мирните зони ја прекинуваат урбаната бучава, а комерцијалните области се трансформираат во зелени населби. 

Станува збор за Хајлброн, градот на југозападот од Германија, кој успеа да ја убеди Европската комисија да го прогласи за европска зелена престолнина за 2027 година. Покрај титулата, градот освои и награда од 600.000 евра за понатамошен развој на своите планови кон урбана одржливост. 

Холандскиот Асен и италијанската Сиена ги освоија овогодишните награди „Зелен лист“ за помали градови и добија по 200.000 евра. Ван ден Берк Хајлброн го импресионираше жирито со чист воздух и вода, мерки за намалување на бучавата, планови за прилагодување кон климатските промени, концепти за мобилност и иницијативи за циркуларна економија. 

Стратегијата за вклучување на граѓаните беше особено нагласена, бидејќи жителите преку платформата можат активно да учествуваат во креирањето зелени политики. 

Градот Асен, кој се наоѓа на североистокот од Холандија, е признат и за успешното управување со отпадот и со проектите како што се „кафетерии за поправка“ или велосипедскиот автопат до Гронинген.

Сиена ја доби наградата благодарение на инвестициите во јавни зелени површини и драстично подобрените стапки на рециклирање. 

Секоја година, се избира еден град како пример во областа на урбаната зелена инфраструктура. За да победи, не мора да биде најзелен, туку да покаже амбициозни, иновативни и реални планови за позелена иднина. 

Градовите се клучни за постигнување на климатските цели на Европа: повеќе од 70 проценти од Европејците живеат во урбани средини, а околу 80 проценти од еколошките правила на Европската Унија се спроведуваат во такви населби. 

Тука навистина се одвива зелената транзиција. За да бидат избрани, апликациите прво се доставуваат до панел од независни експерти. Финалистите кои ќе влезат во потесниот избор потоа ги презентираат своите планови пред жири составено од претставници на Европската комисија, агенциите на Европската Унија и еколошките организации. 

Претходните победници, како што се Вилнус во Литванија, Валенсија во Шпанија или Талин во Естонија, добија придобивки што одат многу подалеку од паричните награди: повисок меѓународен профил, поголемо медиумско внимание, подобар пристап до европски и национални фондови, повеќе странски инвестиции, раст на екотуризмот и посилна локална гордост. 

Зелените градови стануваат дел од мрежа на победници, разменувајќи најдобри практики од место до место. Дури и по малку зелените градови имаат корист од конкуренцијата. Самиот процес ја зголемува свеста кај службениците и жителите и ги зголемува очекувањата на јавноста во врска со еколошките активности. 

Победниците, (освен фактот дека тие најчесто доаѓаат од побогати западноевропски земји), генерално имаат нешто заедничко, а тоа е дека на овој начин ги нагласуваат економските аспекти на зелениот раст – еко-иновациите, инвестициите и создавањето работни места повеќе од другите димензии на понудата за одржливост.

Истражувањата покажуваат дека технократските пристапи ги потиснуваат иницијативите кои не можат лесно да се квантифицираат или да им се припише социоекономска вредност. 

На пример, градинарска иницијатива водена од некоја локална заедница не е толку впечатлива ниту пазарна примамлива како цел кварт брендиран како еко-населба. 

Секако, свеченостите и наградите од 600.000 евра се убави, но не можете да излезете од климатската криза со доделување признанија, објавува “European Correspondent”.

Да се ​​биде „зелен“ е многу повеќе од тоа. Сепак, размислувањето за климата на локално ниво покажува како одржливите транзиции навистина можат да функционираат, а воедно да го подобрат квалитетот на животот на жителите. Идеално, овие награди ќе ги охрабрат и другите градови да го следат примерот.

Зачлени се на нашиот е-билтен