Град Скопје: Обвинителството ја почна постапката по првата пријава за Општина Чаир

 Градот Скопје денеска соопшти дека Обвинителството ја започнало постапката по првата пријава за градби во Општина Чаир.

– Основното јавно обвинителство ја започна постапката по првата пријава со фалсификатите. Таму веќе се водат уште 2 постапки претходно започнати за Висар Ганиу од кои првата за фалсификување на целата архивска книга со броеви и барања за легализации, а втората за уште еден случај каде незаконски легализирале со уште еден соучесник, велат од прес-службата на Градот.

Од Град Скопје очекуваат и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да почне да постапува против, како што велат, организираната криминална банда во Општина Чаир.

– Очекуваме и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да се одважи, да почне да постапува против организираната криминална банда во општина Чаир, која овозможувала градење незаконски на НЕБЕЗБЕДНИ згради со црни пари од нелегални извори, кои згради ги запишувале на лица кои наводно граделе на 5,6,10 и 11 години, а сега се милионери!, се вели во соопштението од Град Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен