Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Градоначалниците на ВРЕДИ ќе формираат Албанска академија на науките и уметностите во Тетово

Градоначалниците на коалицијата ВРЕДИ заедно со претседателите на општинските совети и почитуваните Академици од Гостивар, Чаир и Тетово, во Тетово одржаа работна средба на тема годишно финансирање на проекти од суштинско значење за унапредување на интелектуалната и научната мисла на Албанците.

„Неопходноста за создавање на Албанската академија е инертноста на МАНУ за реформи кои треба да ја одразуваат фактичката состојба, а не се случуваат веќе 57 години. Овој исклучиво научен проект на ВРЕДИ нема за цел да предизвикува етнички тензии ниту паралелизам во државната образовна номенклатура, туку да изградиме уште една научна установа која ќе ја обедини автентичната Албанска мисла во заеднички и рамномерен општествен развој, велат од ВРЕДИ.

Според партијата овој проект ја рефлектира визија за зајакнување на националниот идентитет на Албанците во најстратешките области – науката и уметноста.

-Академијата, со седиште во Тетово, ќе создаде нови можности за албанските истражувачи и уметници да придонесуваат со квалитетни истражувања и да го зачуваат нашето културно наследство. Убедени сме дека оваа иницијатива ќе биде поттик за квалитетно образование и развој на една силна интелектуална заедница, велат од партијата.

Како што појаснуваат од ВРЕДИ, првите чекори за финансирање на Академијата веќе се преземени со помош на општините со кои раководат кадри на партијата кои го поддржуваат овој проект и придонесуваат за создавање на потребната инфраструктура за идните истражувања и развој.

-Силно веруваме дека Албанската академија за наука и уметност ќе одигра клучна улога во зајакнувањето на нашиот национален идентитет и во зголемувањето на нашиот меѓународен придонес во областа на науката и уметноста. Како коалиција ВРЕДИ, покажавме дека сме тука за да донесеме реални промени и реформи. Преку овој проект, не создаваме само нова институција, туку и нова иднина за сите млади интелектуалци Албанци. Нашата посветеност како коалиција ВРЕДИ е максимална, и заедно ќе го туркаме овој проект напред со сериозноста што ја заслужува. Ова е важен чекор кон иднина каде науката, уметноста и слободната мисла ќе бидат столбови на нашиот национален развој“, велат од ВРЕДИ во соопштение.

Зачлени се на нашиот е-билтен