Изложба на акварели на Елизабета Костова, со наслов „Градски импресии“, ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Културно-социјалниот простор Центар Јадро.

Со „Градски импресии“, таа се преставува со триесетина акварели насликани последните две години, кои претставуваат нејзини импресии и впечатоци од градовите каде престојувала, ги посетила или живеела. Голема инспирација, ѝ се старите македонски градови, или делови од нив.
Костова е родена 1953 година во Скопје, каде завршила и основно и средно образование. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Љубљана, отсек психологија.