Граѓаните денеска по осми пат избираат локална власт, во Скопје има најмногу канидати за градоначалници – 16

Скопјани имаат шанса да гласаат за дури 16 кандидати за градоначалници

Граѓаните денеска по осми пат од осамостојувањето на Македонија, избираат локална власт

Право на глас имаат 1.832.415  граѓани, кои од евидентирани 3.480 избирачки места, ДИК соопшти дека денеска ќе бидат отворени 3.474 бидејќи во шест избирачки места нема население, односно се евидентирани „нула гласачи“.

Според Изборнито законик, изборниот молк кој траеше 24 часа, заврши и денеска од седум часот наутро до седум часот навечер граѓаните го остваруваат своето гласачко право.

Првичните информации на ДИК се дека на локалните избори учествуваат вкупно 22 партии, 19 коалции и 119 независни групи на граѓани. Битката за градоначалници ја бијат 309 кандидати и 576 кандидати за советнички листи или вкупно 10.490 кандидати.

На вчерашната седницата на ДИК, беше усвоена Одлуката за поништување на потврдена листа за членови на Совет на Град Скопје поднесена од Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ). Образложението е дека ДИК на 17 октомври, по допрен глас, дошла до информација дека на оваа листа има починато лице. 

Најмногу кандидати за градоначалници има за град Скопје, 16.

Од ДИК веќе соопштија дека според евиденцијата, 112.000 избирачи се на привремена работра или престој во странство.

2.162 граѓани со право на глас се во затвор или притвор, а 450 лица се по домовите за стари лица кои вчера имаа можност да го остварат своето гласачко право.

Ова се осми локални избори од независноста на државта и четврти според моделот на директен изборн на градоначалници и советнички листи. Локалната самоуправа е организирана во 80 општини и градот Скопје како посебна единица.

Денешните локални избори ги следалтл 1.341 набљудувачи, од кои 700 се локални и околу 650 се меѓународни, како и двајца странски новинари.

Инаку во врска со планот за работа од ДИК информираа дека по објавувањето на првичните неофицијални резултатит добиени по електронски пат, кои ќе се објавуваат сукцесивно во живо во текот на изборната вечер, по завршување на гласањето, наредниот ден на 20 октомври, во понеделник од раните утрински часови во определени групи ќе општинските избори комисии ќе ги предаваат оригиналните записници, по што од Комисијата ќе биде организиана соодветна проверка. во понеделник вечер се очекува ДИК да ги објави и првичните официјални резултатит врз основа на писмените оригинални записници од секоке избиорачко место и од секоја општинска изборна комисија.

Зачлени се на нашиот е-билтен