За три проценти се зголемени трошоците за живот на граѓаните во јули годинава во однос на истиот месец лани, објави на Државниот завод за статистика.
Најмногу се поскапени угостителските услуги. По двомесечниот пад на трошоците сега и на месечно ниво има зголемување на трошоците за живот од 0,7 отсто. Граѓаните и натаму неможат глава да кренат од секојдневните поскапувања.
Храната повторно бележи поскапување на годишно ниво за близу еден отсто. Кај другите трошоци на граѓаните според статистика секаде има раст, односно за една година за 5,6 отсто поскапи се алкохолните пијалаци и тутунот, облеката и обувките за 2,3 отсто, мебелот и покуќнината за 3,2 отсто, здравствената заштина за 5,8 отсто, транспотрот за 4,8 отсто, комуникациите 3 отсто, рекреација и култура 5,7 отсто, образованието 0,7 отсто, а најмногу има поскапување кај ресторанските услуги за цели 13,8 отсто.
„Во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: облека и обувки за 0.5 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0.2 %, комуникации за 0.1 %. Трошоците на животот во групите: мебел, поќукнина и одржување на домаќинствата и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Индексот на цените на мало во јули 2024 година во однос на јуни 2024 година изнесува 101.5. Индексот на трошоците на животот во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи зголемување од 3.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.9 %“, се наведува во извештајот на ДЗС.
Од нешто под два отсто до три и пол отсто се движат предвидувањата како на домашните така и на меѓународните експерти и институции за стапката на инфалција за годинава. Од најоптимистички па се до најпесимистички очекувања, но на тоа што можат да сторат граѓаните.
Секојдневното поскапување на производите кои редовно ги набавуваат придонесува во континуитат да се намалува куповната моќ, а со тоа се намалува и квалитетот на живот на граѓаните. Се купува тоа што е поевтино, овошјето и зеленчукот како прва асоцијација за здрава храна стана луксуз, посетата на културни манифестации за многумина е веќе невозможна мисија, транспортот е се поскап, а набавката на ново парче облека повеќе не е задоволство или релаксација, се купува најосновното и најнеопходното.