Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Граѓаните ќе протестираат против шверцерски донесениот ДУП за населба Лисиче

Граѓаните на населба Лисиче се организираат на протест против ДУП-от, кој според нив беше шверцерски донесен и ќе значи бетонизација на Лисиче. Спорниот ДУП за градска четврт ЈИ 09.01 за населба Лисиче вчера беше „шверцерски“ доставен до Советот на Општина Аеродром, како дополнителна точка непосредно пред почетокот на седницата.

ДУП-от беше донесен со 16 гласа „за“ и 11 „против“, а советниците од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Тимчо Муцунски не одговараа на прашањата поставени од опозициските советници на СДСМ.

Во повикот за протест на социјалните мрежи, граѓаните повикуваат да се спротивстават на бетонизацијата на Лисиче и да кажат не за судбината скроена од општина Аеродром. Протестот е закажан во 18:30 пред општината.

Со овој ДУП се овозможува изградба на висококатница на 12 ката, на крстосницата помеѓу булеварите „Србија“ и „12-та Македонска бригада“.

Зачлени се на нашиот е-билтен