Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Граѓаните во ЦУК се јавуваат и за други потреби, од 1 490 повици во изминатите 24 чадса, 41% биле такви

Имало вкупно 1 490 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 54,69%, а 40,54% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Сè уште дел од граѓаните сметаат дека на овој број можат да решат и други нивни проблеми, без разлика дали станува збор за пукната цевка за парно или ако немаат сигнал од кабелскиот оператор.

Од оние реалните повици на 112 во изминатото денонокие кон Полиција биле упатени 71,60%, кон Итната медицинска помош 24,51%, a кон пожарникарите 2,33% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 608 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие немало регистрирани пожари на отворено на територијата на државата.

Зачлени се на нашиот е-билтен