Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Граѓаните за политички теми најчесто се информираат преку интернет, над 90 проценти од социјалните мрежи

 Граѓаните за политички теми најчесто се информираат преку интернет – 56 проценти, од кои над 90 проценти се информираат од социјалните мрежи, а само 28,2 отсто од онлајн портал – медиуми, покажуваат резултатите од анкетата ЕВРОМЕТАР 2023.

На прашањето „како се информирате за политички теми“ најмногу или 56,5 проценти од испитаниците одговориле преку интернет, потоа следат 43,5 отсто преку телевизија, 12,5 проценти од пријатели/фамилија и 1,8 отсто преку радио. Околу 13,4 проценти од испитаниците одговориле дека не се информираат.

Најголем дел од граѓаните или 90,3 проценти како извор на интернет за политички теми ги користат социјалните мрежи (Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Јутјуб, Подкаст), потоа 28,3 од онлајн портал – медиум, а само 13,8 отсто од онлајн платформа на постоечките радио станици или тв канали.

Виолета Глигоровска од Евротинк – Центарот за европски стратегии, посочи дека граѓаните можеле да изберат повеќе одговори на ова прашања, па така како прв избор социјалните мрежи биле за 81,6 отсто од испитаниците, за 16 проценти онлајн медиумите, а 2,3 отсто некоја онлајн платформа на постоечките радио станици или тв канали. Онлајн медиумите се втор избор за 53,1 отсто од испитаниците, потоа следат социјалните мрежи за 41,6 проценти од испитаниците. Онлајн платформите на постоечките радио станици или тв канали е трет избор за 94,8 отсто од испитаниците.      

Најголем дел од граѓаните или 33,7 проценти ретко ги следат темите за надворешната политика, односно евроинтеграциските процеси на земјава. Околу 26,1 отсто следат често, а 21,4 проценти редовно. 17,6 проценти од граѓаните.

Во врска со важноста на изворите на информациите за ЕУ и за пристапниот процес на земјата во ЕУ, најголем приоритет испитаниците даваат на ТВ/видео материјали (47%), додека директните лични учества на јавен настан/дебата е важен за 35 отсто, мултимедијалниот материјал за онлајн пристап за 34 проценти и текст или инфографикони за 33 проценти од испитаниците. 

Најголем дел од граѓаните 48,2 отсто рекле дека се информираат дневно за темите во однос на ЕУ и земјава, потоа 30,1 месечно, 18,4 отсто неделно и 3,3 проценти не одговориле.

Анкетата ЕВРОМЕТАР 2023, е спроведена во текот на септември 2023 година на репрезентативен примерок од 1003 испитаници, од страна на агенцијата БРИМА на повеќестепен стратификуван случаен примерок на популација 18+ години, дизајниран според податоците објавени од Државниот завод за статистика и се базира на податоци од Пописот 2021.

Испитувањето на јавното мислење е спроведено во рамки на проектот „Медиумите за ЕУ“ – Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ со финансиска поддршка од Европската Унија. 

Извор МИА

Треба да знаете
Moже да ве интересира