Граната денеска го погоди седиштето на мировната мисија на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), што е втор ваков инцидент откако изби војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа пред три недели.
– Граната ја погоди внатрешноста на базата Накура, изјави Андреа Тененти, портпарол на привремените сили на ОН во Либан.
Тој додаде дека нема повредени или материјална штета и оти УНИФИЛ проверува кој ја испукал гранатата.