Две државјанки на Република Грција се лишени од слобода во Скопје под сомнение дека извршиле кражба во продажно место во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, на 15 февруари 2026 година околу 19:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги уапсиле 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г. Двете се сомничат дека ден претходно, на 14 февруари, во периодот од 18:15 до 18:35 часот, од продажно место во трговски центар одзеле повеќе козметички производи.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против двете осомничени ќе биде поднесена соодветна пријава.