Грчкиот национален авиопревозник Ејџиан, најави дека ќе го намали бројот на летови на линијата Атина – Скопје престојната зима.
Летови на оваа рута ќе има четири пати неделно, наместо досегашните шест пати.
Линијата Скопје – Сараево на истата компанија ќе нема промени, односно ќе има три лета неделно во ноември и декември, а следните три месеци по два неделнo.
„Ејџијан“ ја воведе линијата Атина – Скопје во ноември 2018 година.