Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Грчко МНР: Осудата на Белери ја зголемува загриженоста за објективноста на процесот

Денешната пресуда на албанскиот суд против избраниот градоначалник на Хеимара Фреди Белери ја зголемува загриженоста во однос на објективноста на процесот, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција за изречената затворска казна за Белери, јави дописничката на МИА од Атина. 

Според грчкото МНР, презумпцијата на невиност на избраниот градоначалник на албанскиот град Химара, била нарушена од „надворешни изјави и дејствија кои се залагаа за осуда“, но и дека казната „очигледно е непропорционална во однос на обемот на наводниот дело“.

-Селективната примена на судските одлуки и однапред одредените судските пресуди не се во согласност со принципите на владеењето на правото. Грчката Влада внимателно ќе го следи случајот и очекува правична и објективна пресуда во судењето на втор степен, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција.

Како што претходно објави МИА, специјалниот суд против организиран криминал и корупција во Тирана, попладнево му изрече казна затвор во траење од две години на Фреди Белери, кој беше уапсен два дена пред локалните избори минатата година за „купување гласови“. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира