Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Грција избрана за земја на годината од Економист, Мицотакис коментира дека тоа е признание за нивните напори

 Пред неколку години, кој ќе очекуваше дека Грција ќе биде прогласена за земја на годината од Економист, коментира грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Х, откако британскиот магазин ја одбра Грција за земја на 2023 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис истакнува дека изборот претставува признание за напорите на грчкиот народ, за нивните континуирани реформи и за напредокот на земјата.

Според Економист, Грција покажа дека од работ на колапс е можно да се спроведат тешки, разумни економски реформи, да се обнови општествениот договор, да се покаже воздржан патриотизам и да се добијат изборите.

Зачлени се на нашиот е-билтен