На пазарите, во трафиките, во такси возилата, мини маркетите во Грција, од денеска ќе може да се плаќа со картичка, со оглед на тоа дека ПОС терминалите се задолжителни во над 30 сектори во земјата.
По првичното продолжување на рокот, од денеска ПОС терминалите се задолжителни во низа бизниси, а за оние кои се вклучени во листата и нема да прифатат плаќање со картичка предвидени се казни во висина до 1.500 евра.
Ослободени од обврската, засега се само сезонските бизниси, кои имаат рок ПОС да воведат најдоцна до почетокот со работа, а не до 31 март како што важи за останатите.
Паралелно со воведувањето на можноста за плаќање со картичка во сè повеќе сектори и со цел да се спречи затајувањето на данок, задолжително е фискалните каси да бидат директно поврзани со ПОС терминалите. (МИА)