Грипот коси: двојно повеќе заболени од лани

Грипот почна да коси во Македонија. Во периодот од 27 октомври – 2 ноември се потврдени 94 случаи, најмногу во Гостивар и Куманово. Институтот за јавно здравје бележи раст од 67% во однос на претходната недела и двојно повисок број споредено со истиот период лани, предупредуваат лекарите и апелираат на заштитни мерки и вакцинација на ризичните групи.

Министерството за здравство годинава набави 80.000 дози четиривалентна вакцина (Abbott, Холандија); досега се имунизирале над 50.000 граѓани. Бесплатната вакцина е достапна за лица над 65 години, хронично болни, здравствени работници, бремени жени, деца од 6 месеци до 5 години и корисници и вработени во домовите за стари лица.

Медицинарите потсетуваат: грипот најчесто се шири во затворени простории – останете дома при симптоми, намалете контакти и побарајте совет од матичен лекар, особено ако припаѓате на ризична група.

Зачлени се на нашиот е-билтен