69-годишен пациент од внатрешноста, вчера почина од грип, со потврдена инфлуенца А. директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана рече дека починатиот пациент не бил вакцинира против сезонскиот грип, иако бил во ризична група.
„Пациентот беше донесен во исклучително тешка општа состојба со развиена масивна бронхопневмонија. Веднаш беше третиран од страна на медицинскиот тим во одделот за интензивна нега, беше поставен на механичка вентилација, но и покрај сите преземени мерки, пациентот, за жал, почина. Треба да се напомене дека пациентот бил со повеќе коморбидитети: хронична опструктивна белодробна болест, кардиомиопатија и други заболувања“, рече д-р Цана.
Кај пациенот, пред да биде донесен на Инфективната клиника симптомите траеле пет дена.
На Клиниката, како што информира Цана моментно се хоспитализири околу 30 пациенти со грип. Од нив, дел се со полесна, а други со потешка клиничка слика, од кои неколку се со кислородна поддршка. Еден пациент е механичка вентилација, како потежок случај.
Ова е втора жртва сезонава со грип, откако минатата недела на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина 75-годишна пациентка.