Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гром удрил во бегалски камп во Уганда, 14 починати

Гром удрил во бегалски камп во Уганда, соопшти локланата полиција, при што 14 лица загинале, а 34 се повредени.

Громот удрил во округот Ламво, а полицијата соопшти дека се уште не се идентификувани жртвите во бегалскиот камп Палабек.

Во овој бегалски камп се сместени бегалци од Јужен Судан, а при ударот на гром тие биле на молитва во импровизирана метална градба.

Според извештајот на полицијата немало пожар по несреќата.

Зачлени се на нашиот е-билтен