Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Груби на „Денови на Албанската азбука“: Да се прикаже широкиот опус на вредности преку културна програма која ја негува традицијата на нашите песна и ора

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска ја отворил 5. културно-научна манифестација „Денови на Албанската азбука“, по повод 115 годишнината од Битолскиот конгрес.

Во својот говор пред присутните Груби истакнал дека треба да размислиме за трајното и пожртвувано патешествие, како што рекол, на нашите предци за спас на нашиот јазик од бурите кои имаа за цел да го уништат, соопштија од Кабинетот на првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

– Оттука, да размислиме за трајното и пожртвувано патешествие на нашите предци за спас на нашиот јазик од бурите кои имаа за цел да го уништат, да им ја пренесеме на новите генерации важноста на тоа активно богатство и таа патриотска храброст благодарение на која сме на наши нозе, горди на нашиот писмен јазик трасирајќи го патот за напредок, рекол Груби, стои во соопштението.

Целта на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и Ансамблот на албански народни песни и ора во Северна Македонија, нагласил Груби во обраќањето, е да ги расветлат фактите, студиите и публикациите од областа на албанологијата кои ја документираат антиката на, рекол, нашиот јазик и неговото владеење кога преку букви  се стави на хартија.

– Да се прикаже тој широк и бесконечен опус на вредности преку културна програма која пред се ја негува традицијата на нашите песна и ора, за чие архивирање огромна улога има албанскиот писмен јазик, посочил меѓу другото Груби, се наведува во соопштението. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен