Поранешниот прв вицепремиер и најблизок соработник на Али Ахмети, Артан Груби, се враќа на старото работно место – Тетовскиот универзитет, каде предава на факултетот за новинарство и нема да бара апанажа.
Груби за ТВ 24 вели дека дека се вратил на старото работно место.
На клиниката за дигестивна хирургија се враќа и Бујар Османи, а неговите сопартијци Фатмир Бесими и Крешник Бектеши се уште не одлучиле дали ќе побараат апанажа. Се мисли и ексминистерот за правда Кренар Лога, додека пак неговиот сопартиец Азир Алиу вели дека ќе се врати во приватниот информатички сектор,
Од фаворитите на Али Ахмети во минатата Влада, засега само ексминистерот за образование Јетон Шаќири побарал апанажа, бидејќи како што вели како министер за образование дошол од функцијата директор на „Водовод“ – Струга. Бидејќи директорската функција не може да се стави во мирување, Шаќири вели дека нема старо работно место и затоа побарал апанажа.
Од таборот на Димитар Ковачевски апанажа побарал единствено еквсицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ. Тој за ТВ 24 вели дека барањето е поради тоа што останал без работа, а пред да влезе во Влада дал отказ на работното место. Тој беше четврти на листата која ја предводеше екс лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски и која доживеа дебакл, како впрочем и сите носители на изборите, па од единица влегоа само 3 кандидати .
Ексвицепремиерката за добро владеење Славица Грковска веќе се вратила на старото работно место во МВР , како и ексминистерката за животна средина Каја Шукова.