Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Групата за нуклеарно планирање на НАТО ќе се состане утре на министерскиот состанок во Брисел

 Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО на состанокот утре и задутре во Брисел ќе разговараат за адаптацијата на нуклеарните капацитети на сегашната безбедносна средина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

-Групата за нуклеарно планирање ќе се состане како дел од министерскиот состанок, на кој сојузниците ќе разговараат за тековното прилагодување на нуклеарните капацитети на сегашната безбедносна средина“, рече Столтенберг на прес-конференција.

На прашањето каква порака испраќа НАТО до Москва, Столтенберг рече дека сојузниците „мора да бидат способни јасно да соопштат дека нашето нуклеарно одвраќање е ефективно, безбедно и доверливо“.

-И тоа е она што го правиме со модернизирање, практикување и соопштување на она што го правиме, додаде тој.

Тој рече дека веќе е постигнат значителен напредок, дека овој месец Холандија ги прогласи првите борбени авиони Ф-35 подготвени за нуклеарната мисија на НАТО, дека САД го модернизираат своето нуклеарно оружје во Европа.

-Како што се развиваат предизвиците, нуклеарната мисија на НАТО останува иста, рече Столтенберг, додавајќи дека нуклеарната закана не е само од Русија, туку и од Кина и Северна Кореја.

Зачлени се на нашиот е-билтен