Грвала: Грција е главен актер на Балканот, Косово е благодарно за партнерството

Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала по средбата со нејзиниот грчки колега, Гиоргиос Герапетритис, во рамки на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации, изјави дека Грција е „главниот актер“ на Балканот, со кого Косово споделува низа вредности и цели, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешната објава на нејзината страница на платформата „Х“ (поранешен Твитер) Грвала информира дека со нејзиниот грчки колега разговарала соработката меѓу Косово и Грција на повеќе полиња.

– Грција е главниот актер во нашиот регион со кого делиме цела низа вредности и цели. На срдечната средба со мојот колега Гиоргиос Герапетритис разговаравме за нашите пријателски односи на полето на бизнисот, културата и политиката. Благодарна сум за нашето партнерство, напиша Грвала.

Зачлени се на нашиот е-билтен