Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гудачкиот квартет „ВИВА Стрингс“ издаде два музички албуми Sounds from Macedonia и Electronic Sounds from Macedonia

Гудачкиот квартет „ВИВА Стрингс“ од Скопје ги издаде двата музички албуми Sounds from Macedonia и Electronic Sounds from Macedonia, соопшти денеска Дејан Теодосиевски, основач и виолончелист на гудачкиот квартет.  

Албумот Sounds from Macedonia содржи 14 композиции, сите напишани од Теодосиевски, а композициите се мотивирани од македонските народни мелодии и песни, но со јасни елементи на модерен звук и ритам.

– Албумот Electronic Sounds from Macedonia е составен од 10 композиции кои се преработки на дел од првиот албум. Жанровски композициите гравитираат од џез, соул, диско до техно стил, со смела употреба на разни електронски и акустични инструменти. Двата албуми се снимени во тонското студио „Подрумот“ во Скопје. Снимањето, миксот и мастерингот на албумите е дело на Ангел Ќосев, се вели во соопштението од Теодосиевски.

Гудачкиот квартет „ВИВА Стрингс“, кој е формиран во 2012 година е составен од Елена Талевска – прва виолина, Димитар Михајловски – втора виолина, Дубравка Зајкова – виола и Дејан Теодосиевски – виолончело. 

Како најава на издавањето на албумите гудачкиот квартет снимил и видео спот
за една од композициите  „Студена вода“. Видеото за „Студена вода“ е изработено од продукциската куќа „Медиа таг“ од Скопје. Режисер на видеото е Филип Момировски.

Зачлени се на нашиот е-билтен