Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска го осуди смртоносниот инцидент во северниот дел на Газа, „во кој повеќе од 100 луѓе биле убиени или се повредени додека чекаа животоспасувачка помош“, изјави неговиот портпарол Стефан Дужарик.
„На очајните жители на Газа им е потребна итна помош, вклучително и на тие во опколениот север, каде што повеќе од една недела ОН нема можност да достави помош“, рече Дужарик.
Додаде дека Гутереш повторно повикува на итен хуманитарен прекин на огнот и итно ослободување на сите заложници.