Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гутереш го осуди воздушниот напад во Судан во кој загинаа најмалку 22 лица

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го осуди вчерашниот воздушен напад во Судан во кој загинаа најмалку 22 лица, се наведува во денеска објавеното соопштение на портпаролот на ОН, Фархан Хак.

Најмалку 22 лица загинаа, а многумина се повредени во воздушен напад на суданската армија во западен Омдурман, соопшти вчера Министерството за здравство во Картум, додека војната меѓу воените фракции во земјата влезе во својата 12-та недела.

Генералниот секретар е згрозен од извештаите за широко распространето насилство и жртви низ суданскиот регион Дарфур. Тој, исто така, е загрижен поради извештаите за обновените борби на подрачјата Северен Кордофан, Јужен Кордофан и Синиот Нил. Хуманитарните и човековите права целосно се кршат, на опасен и вознемирувачки начин, се вели во изјавата пренесена од Хак.

Гутереш го повтори својот повик за прекин на борбите и непријателствата меѓу суданските вооружени сили и ривалските сили за брза поддршка.

Г. Т.

Треба да знаете
Moже да ве интересира