Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш синоќа го повика Израел да ги запре плановите за оспоруваниот проект за населување на окупираниот Западен Брег, велејќи дека со тоа се крши меѓународното право и е спротивен на резолуциите на ОН, јави ДПА.
-Напредокот на овој проект е егзистенцијална закана за решението со две држави. Тоа би го одвоило северниот и јужниот Западен Брег и би имало сериозни последици за територијалната континуитет на окупираната палестинска територија, изјави портпаролот на Гутереш, Стефан Дужарик.
Решението со две држави се однесува на независна палестинска држава што мирно ќе егзистира покрај Израел, потсетува ДПА.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрла решението со две држави – како и постоењето на палестинската милитантна организација Хамас во Појасот Газа.