Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гутереш: Советот за безбедност на ОН е парализиран од геостратешки поделби

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш денеска изрази жалење за „парализирањето“ на Светската организација во услови на војната меѓу Израел и палестински Хамас во Појасот Газа и што Советот за безбедност не гласаше за прекин на огнот.

Говорејќи на Форумот во Доха во Катар, Гутереш рече дека Советот за безбедност на ОН е „парализиран од геостратешките поделби“ кои ја загрозуваат неговата способност да најде решение за војната.

-Авторитетот и кредибилитетот на Советот за безбедност се сериозно компромитирани поради доцниот одговор на конфликтот и штетата направена врз неговиот углед со ветото на САД на резолуцијата со која се бара прекин на огнот во Газа, рече Гутереш.

Нацрт-резолуцијата беше подготвена откако генералниот секретар се повика на член 99 од Повелбата на ОН, за првпат откако е на чело на светската организација, што му овозможува да го привлече вниманието на Советот за безбедност на прашање кое „може да го загрози одржувањето на меѓународниот мир и безбедност“.

„Го повторив повикот да се прогласи хуманитарен прекин на огнот, за жал Советот за безбедност не успеа да го стори тоа. Можам да ви ветам дека нема да се откажам“, рече Гутереш.

Американците, сојузниците на Израел, во петокот го повторија своето противење на прекинот на огнот.

„Сериозно ризикуваме со колапс на хуманитарниот систем. Ситуацијата брзо се развива во катастрофа со потенцијално неповратни последици за Палестинците како целина и за мирот и безбедноста во регионот“, предупреди Гутереш на Форумот во Доха.

Треба да знаете
Moже да ве интересира