Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гутереш во посета на граничното подрачје меѓу Египет и Газа за да апелира за прекин на огнот

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш престојува денеска во посета на граничната област меѓу Египет и Појасот Газа за повторно да апелира за прекин на огнот во палестинската енклава.

Гутереш денеска пристигна во Ал Ариш во северниот дел на Синај, Египет, каде се наоѓа голем дел од меѓународната помош испорачана и складирана за Газа.

Регионалниот гувернер Мохамед Шуша му рекол на Гутереш дека околу 7.000 камиони чекаат во северен Синај за да достават помош во Газа и дека инспекциските процедури што ги побара Израел го забавуваат доставувањето на помошта.

Се очекува Гутереш да ја посети болницата во Ал Ариш каде се лекуваат Палестинците евакуирани од Појасот Газа, како и да разговара со работниците на ОН на египетската страна на преминот Рафа.

Израел се заканува дека ќе започне голема воена операција во јужниот град на Газа Рафа на границата со Египет, каде од борбите се засолнија повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа.

Зачлени се на нашиот е-билтен