Гужви на границите: на „Табановце“ околу 30 минути, на „Богородица“ до 40 минути

Поради летните одмори и засилени патувања, денес 28 август 2025 се бележи зголемена фреквенција на возила на државните патишта. На граничниот премин „Табановце“ за излез од земјава се чека околу 30 минути, додека на останатите премини од македонска страна во текот на денот нема подолги задржувања, соопштува АМСМ.

На „Богородица“ (Евзони), според утринските извештаи, за влез во земјава се чека околу 40 минути. Во текот на денот временските интервали може да варираат во зависност од густината на сообраќајот и смените на грчката страна.

АМСМ апелира возачите да тргнуваат со доволно гориво и вода, да ја почитуваат поставената сигнализација и да ја прилагодат брзината, особено на делниците со можни одрони и на патиштата во клисури и долини.

Зачлени се на нашиот е-билтен