Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Халити од ромската фондација за Европа: Сѐ што правиме за Ромите e добро и за Македонија, за Западен Балкан и за Европа

„Горд сум поради можноста да зборувам во име на Фондацијата „Роми за демократија“ која е дел од многу поголема трансевропска фондација која се вика „Роми за Европа“ и која ја предводи Жељко Јовановиќ, кој испрати порака за поддршка дека тоа што сите ние колективно го правиме за Ромите треба да биде добро и за Македонија, треба да биде добро и за Западен Балкан, а треба да биде добро и за Европа“, изјави Менсур Халити, основач на Фондацијата Ромите за демократија на настанот „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“.

Тој додаде дека неговото прво доаѓање во нашата земја било пред 15 години со цел да разговара со сите политички лидери, со граѓанскиот сектор, со медиумите, со претставници на меѓународните заедници по прашањето што може повеќе да се направи за да се обезбеди и заштити ромскиот глас, да биде слободен, да може да ги избере претставниците во кои е убеден, претставници во кои има доверба.

„Тогаш надежите не беа големи затоа што тогашната парадигма беше ромска стратегија, ромски планови, акциони планови и буџети… имаше малку волја и надеж и оптимизам да се оди во правец кој е поинаков за сите нас. Јас, Жељко и многу други луѓе кои се од Македонија и Балканот решивме да не кренеме раце од она што ни се чинише како длабоко уверение дека тоа што ние тоа што треба да го направите треба да биде добро за Ромите, треба да биде добро за државите во кои живееме, ама треба да биде добро и за Европа. Како сето ова е можно во денешен контекст? Многу е тешко, денес Западниот Балкан е многу понебезбеден, и денес Западниот Балкан е многу потежок за живот, посебно за нашите луѓе, од причини кои сите ги знаете како историски неправди и историско исклучување, живеат диспропорционално во најтешка позиција. Од објективна гледна точка, ќе објаснам зошто настанот го носи ова име. Целиот Западен Балкан се соочува со предизвикот на зачувување на внатрешен мир и единство и заеднички просперитет кон својот стратешки пат кон ЕУ. Од друга страна има сериозни, комплексни предизвици како во Европа која се дестабилизира, во која има растечка екстремна десница и популисти да задржи единство на тој пат и од трета страна имате влијание на глобална криза предизвикана од војната во Украина, Газа и Јемен кој директно влијаат врз Европа, а индиректно на Западен Балкан. Да ја заштити својата политичка стабилност и економска стабилност во тој контекст“, посочи Халити.

Тој дополни дека многу Роми сфаќаат дека чекањето на ЕУ и чекањето на националната влада не е доволно и дека самите мора да направат нешто поразлично за да видат поразлична иднина и дека овој настан е најдобра илустрација за тоа.

„Сфативме дека граѓанската изолација од граѓанскиот сектор, политичкиот сектор, или меѓународната заедница нема да помогне за системските проблеми кои ги имаат Ромите и треба да се движат многу побрзо и посилно за да можеме да видиме некој прогрес. Да не ни заминуваат луѓето од Западен Балкан кој веќе има сериозни проблеми во демографски промени“, заклучи Халити.

Зачлени се на нашиот е-билтен