Хамас: 20 заложници се живи, уште денеска може да бидат ослободени

Хамас му потврдил на Израел дека 20 заложници се живи и оти можат да бидат ослободени веќе денес, јави „Вол Стрит Џурнал“ повикувајќи се на извори запознаени со прашањето.

Според извештајот, пораката била испратена преку арапски посредници.

Израелски функционер за весникот изјавил дека Израел е подготвен да ги прими заложниците вечерва, иако се уште се смета дека понеделник ќе биде посоодветен за нивно ослободување.

Израел исто така соопшти дека верува дека 20 заложници се живи, постојат сериозни загрижености за судбината на уште двајца, додека за 26 други е потврдено дека се починати. 

Зачлени се на нашиот е-билтен