Хамас ги предаде телата на двајца починати израелски заложници

Хамас ги предаде телата на двајца починати израелски заложници

Израелската армија денес објави дека Хамас му ги предал на Црвениот крст телата на двајца починати заложници кои претходно биле држени во Појасот Газа.

„Според Црвениот крст, два ковчега со починати заложници се предадени и се на пат кон израелските воени и разузнавачки сили во Појасот Газа“, објави армијата.

Во соопштението се вели и дека армијата очекува наскоро да предаде уште две тела.

Палестинскиот Хамас ги ослободи сите 20 израелски заложници од Газа

Палестинскиот Хамас денес ги ослободи сите 20 израелски заложници што ги држеше во Појасот Газа, објави израелската јавна служба, повикувајќи се на официјални извори.

Израелските власти претходно утрово објавија дека првите седум заложници, кои го преживеале киднапирањето од страна на Хамас, се ослободени.

Според јавната служба, преостанатите 13 се предадени на Црвениот крст во јужниот дел на Појасот Газа и се очекува наскоро да бидат преземени од израелската армија.

Вооруженото крило на Хамас рано утрово ги објави имињата на 20 израелски заложници што ги држеше во Појасот Газа.

Заложниците беа земени во јужен Израел за време на нападот на 7 октомври 2023 година.

Според договорот за прекин на огнот, беше договорено дека, во замена за ослободување на палестинските затвореници, Хамас ќе му ги предаде на Израел останките од заложниците кои не го преживеаа киднапирањето.

Зачлени се на нашиот е-билтен