Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Хамас: Нападот на автопатот во Израел е „природен одговор“ на израелските масакри

Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека денешниот напад на автопатот на периферијата на Ерусалим претставува, како што наведе, „природен одговор“ на израелските „масакри“ во Појасот Газа и окупираниот Западен Брег.

Едно лице загина, а 11 се ранети изутрината во палестински напад на автопат во предградието на Ерусалим, соопшти полицијата. Во престрелката е убиен маж на 20-годишна возраст, а 23-годишна девојка е во тешка состојба, соопштија медицинските власти.

Сите повредени, како што се наведува, се пренесени во болниците во Ерусалим.
Полицијата соопшти дека двајца од вооружените напаѓачи биле убиени од безбедносните сили на лице место, а третиот набрзо бил „неутрализиран“ по полициските претреси во областа, објави „Тајмс оф Израел“.

Полицијата наведе дека тројца палестински вооружени напаѓачи отвориле оган врз Израелците кои чекале на сообраќајната линија на неколку стотини метри од контролниот пункт Аз-Заајем во близина на Ерусалим и окупираниот град Маал Адуним на Западниот Брег, објави „Тајмс оф Израел“.

Според полицијата, Палестинците отвориле оган од автоматско оружје врз Израелците кои чекале во колона возила додека се движеле по автопат кон Ерусалим, неколку стотини метри пред контролниот пункт Аз-Заајем, во близина на истоимениот град во Западниот Брег.

Хамас, исто така, изрази загриженост поради планираните израелски ограничувања за Арапите во џамијата Ал Акса во источен Ерусалим за време на празникот Рамазан, објави Ал Џезира. 

Зачлени се на нашиот е-билтен