Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Хамас ослободи уште 12 заложници

 Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека Хамас ослободил уште 12 заложници, меѓу кои 10 Израелци и двајца странски државјани, кои се на пат кон израелска територија.

– Според информациите од Црвениот крст, 12 заложници, од кои 10 израелски заложници и двајца со странско државјанство, се на пат кон израелска територија, се вели во соопштението на ИДФ.

Известувачот на Тајмс оф Израел, на Х објави список на 10 израелски заложници кои, наводно, биле ослободени.

За возврат, уште 30 палестински затвореници треба да бидат ослободени од израелските затвори.

Околу 240 луѓе беа киднапирани во Појасот Газа за време на терористичките напади на 7 октомври врз јужен Израел од страна на Хамас и други групи.

Примирјето, кое стапи во сила во петокот наутро и првично беше предвидено да трае четири дена, е продолжено за уште два дена според претходно договорените услови. Засега не е јасно дали може дополнително да се продолжи, јави ДПА.

Треба да знаете
Moже да ве интересира