Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Хамас тврди дека им дал одговор на посредниците за планот за примирје во Газа, со некои „забелешки“

 Хамас денеска соопшти дека им дал одговор на катарските и египетските посредници на предлогот за прекин на огнот во Газа поддржан од САД, со одредени „приговори“ на него.

Хамас и помалата милитантна група Исламски џихад рекоа дека се подготвени „да бидат позитивни за да постигнат договор“ и оти нивниот приоритет е „целосно да се стави крај“ на војната.

Високиот функционер на Хамас Осама Хамдан за либанската телевизија Ал-Мајадин изјави дека групата поднела „некои приговори на предлогот на посредникот“. Тој не даде други детали.

Министерствата за надворешни работи на Катар и Египет во заедничко соопштение рекоа дека размислуваат за одговор и оти ќе продолжат со посредничките напори со САД „до постигнување договор“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно денеска изјави дека гласањето на Советот за безбедност на ОН за предлогот поддржан од САД за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците е јасна порака дека светот го поддржува планот и повторно го повика Хамас да го прифати. 

Зачлени се на нашиот е-билтен