Иранскиот лидер ајатолах Али Хамнеи во телевизиско обраќање изјави дека Израел „нема да се извлече“ по нападите врз иранска територија, јави новинската агенција ИРНА.
Хамнеи нагласи дека иранските вооружени сили ќе го направат „израелскиот режим беспомошен“ и дека Иран ќе дејствува бескомпромисно. Малку пред неговото обраќање, иранските медиуми известија за нови експлозии во и околу Техеран, како и во други градови.
Според ИРНА, во денешните израелски напади загинале 18 лица, а 35 биле повредени, при што биле погодени објекти во северозападниот дел на земјата. Израел изврши масовна ноќна операција врз Иран, таргетирајќи нуклеарни објекти, фабрики за балистички ракети и воени команданти, со цел да го спречи Техеран во развојот на нуклеарно оружје.
Во тек е ирански одмазднички напад врз Израел.