Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ханегби: Израел контролира 75 отсто од тампон зоната долж границата меѓу Појасот Газа и Египет

Израелската војска контролира 75 отсто од тампон зоната долж границата меѓу Појасот Газа и Египет, изјави Цачи Ханегби, советник за национална безбедност на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

-Во внатрешноста на Појасот Газа израелските одбранбени сили (ИДФ) веќе контролираат над 75 отсто од коридорот и верувам дека со текот на времето ќе го контролираат целиот. Заедно со Египќаните мораме да се погрижиме да се спречи шверцот со оружје, изјави тој за израелската телевизија.

Ханегби додаде дека очекува борбите во Појасот Газа да продолжат барем до крајот на 2024 година.

Треба да знаете
Moже да ве интересира