Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Харис ја зголеми предноста пред Трамп по дебатата

Фото: Gage Skidmore

Доброто претставување во дебатата во вторникот ги засили шансите на потпретседателката Камала Харис во трката за претседател на САД против поранешниот претседател Доналд Трамп, покажува анкетата на „Yahoo News/YouGov“.

Во претходните анкети на Yahoo News/YouGov – една по минатомесечната Демократска национална конвенција и една објавена веднаш откако потпретседателката влезе во трката на 21 јули – Харис и Трамп беа ефективно изедначени. Најдоброто прикажување на Харис беше тесна 47% спроти 46% предност во август.

Но, новата анкета на 1.755 возрасни Американци – една од првите спроведена по дебатата на 10 септември – покажува дека Харис (50%) има предност од пет процентни поени пред Трамп (45%) меѓу регистрираните гласачи во директна пресметка. Таа води со слична разлика кога се вклучени кандидати од трети страни (48% до 44%) и кога се анкетирани само веројатните гласачи (49% до 45%).

За да се стават бројките на Харис во перспектива, претседателот Бајден никогаш не постигна 50% против Трамп во ниту една анкета на Yahoo News/YouGov спроведена за време на претседателствувањето на Бајден. Последен пат Бајден надмина 47 отсто во мај 2023 година.

Според анкетата, водството на Харис се должи со тоа што таа привлекува гласачи, а не на губење гласачи на Трамп. Харис котира подобро од Бајден кај Латиноамериканците, кај жените и значително подобро кај афро-американците и кај младите.

А Харис ги превртува и независните. Пред дебатата во вторникот, Харис заостануваше зад Трамп со 9 процентни поени (35% наспроти 44%) во тој клучен блок, а сега води со 10 (47% на 37%).

Најновата анкета на Yahoo News/YouGov сугерира дека дебатата во вторник насочила мал, но можно да биде одлучувачи број гласачи кои се вртат кон Харис – барем во моментот.

Меѓу Американците кои или ја гледале дебатата или го следеле последователното покривање на истата, 56% велат дека Харис победила, наспроти 26 отсто кои сметаат дека Трамп победил. Во прекин со долгогодишните партиски обрасци, бројот на демократите кои велат дека Харис победила (94%) е речиси 40 поени поголем од бројот на републиканците кои велат дека Трамп победил (57%). Само 21% од независните сметаат дека поранешниот претседател бил подобар.

Скоро половина од оние кои се запознаени со дебатата, всушност, велат дека Трамп имал лош настап (48%), додека јасно мнозинство (58%) велат дека перформансите на Харис биле или одлични или добри.

Но, Харис не победи само на натпреварот за личност во вторникот вечерта; ја доби и политичката војна. Испитаниците кои ја следеа дебатата велат дека потпретседателката дала подобри одговори од Трамп за секое прашање освен за имиграцијата. Тоа вклучува абортус (53% спроти 30%), нападите на 6 јануари на Капитол (49% спроти 28%), трошоците за живот (45% спроти 39%).

Како резултат на тоа, 46% од нив сега велат дека дебатата ги натерала подобро да размислуваат за Харис. Само 20% го велат истото за Трамп – вклучително и само 15% од независните.

Значително мнозинство од оние кои ја гледале дебатата или го следеле последователното покривање (59%) сакаат уште дебати меѓу Трамп и Харис; само 25% не сакаат.

Но, додека Харис повика на нова дебата во октомври, Трамп ја отфрли таквата можност. Поради тоа дебатата во вторник меѓу кандидатите најверојатно ќе биде последна.

Половина од Американците (50%) сега велат дека Трамп е „премногу стар“ за уште еден претседателски мандат, за разлика од 47% кои тоа го сметаа во август. Таа бројка никогаш не била поголема.

Најново