Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Харков е нападнат во знак на одмазда за украинскиот напад на Белгород, соопшти руското Министерство за одбрана

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Русија во текот на ноќта нападнала „центри за донесување одлуки“ и воени објекти во украинскиот град Харков, на североистокот на земјата, во знак на одмазда за вчерашното украинското бомбардирање на рускиот град Белгород.

Украинските власти соопштија дека Русија го нападнала Харков со проектили и беспилотни летала, при што биле повредени најмалку 28 луѓе и погодиле станбени згради, хотели и медицински установи.

Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков денеска изјави дека бројот на загинати во нападот на вооружените сили на Украина врз Белгород се зголемил на 24, а повеќе од 100 лица се повредени.

Треба да знаете
Moже да ве интересира