Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Хасани: Албанија е цврсто одлучна да придонесува за мирот и безбедноста во регионот и пошироко

Министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, денеска изјави дека Албанија има непоколеблива волја да придонесе за мирот, безбедноста, социјалниот и економскиот просперитет во регионот и пошироко.

Обраќајќи се на 63. пленарна седница на Парламентарното Генерално Собрание на Црноморската економска соработка (PABSEK) што се одржува во Тирана, Хасани рече дека „оваа година Тирана беше центар на низа состаноци и политички и дипломатски активности со меѓународна тежина, кои се елоквентен израз на проактивната и конструктивна улога што ја игра нашата земја денес во регионот и пошироко“.

-Во овој аспект денешната средба претставува додадена вредност и убедливо го открива профилот на Албанија во меѓународните односи, непоколебливата волја на албанската влада да даде свој придонес во корист на мирот, безбедноста и социјалниот и економскиот просперитет. Ова се оние вредности кои нè доближуваат до заедницата на демократските земји на нашиот континент: демократија, плурализам, владеење на правото и човекови права, рекол тој, јави АТА.

Зборувајќи за војната во Украина, Хасани рекол дека „повеќе две години една суверена држава, членка на нашата организација, Украина, е жртва на невидена агресија во Европа по Студената војна од соседна земја, Руската Федерација, исто така членка на PABSEK“.

Хасани ја нагласил помошта на Собранието на Албанија и на албанската делегација во Парламентарното собрание на за продлабочување и унапредување на меѓупарламентарната соработка во регионот на Црно Море, како и за успешно соочување

со актуелните предизвици со кои се соочуваат земјите од народите на овој регион.

Нагласил дека мотото на албанското претседавање со Црноморската организација за економска соработка „Обединети за мирна соработка во регионот на Црното Море“ содржи значајна суштина и го одразува уверувањето дека „мултилатералната соработка на полето на економијата, политиката и граѓанското општество, но и на другите сегменти од нашите општества, е од витално значење за најефикасната економска, политичка и социјална интеракција меѓу земјите-членки“.

Албанскиот дипломат изјавил дека „Регионот на Црното Море и земјите што се граничат со него и пошироко, имаат важен човечки и културен потенцијал да се трансформираат во регион на мир, стабилност и просперитет за заедничката иднина и за луѓето кои ги населуваат овие земји со векови“.

Зачлени се на нашиот е-билтен