Парламентарната комесарка за вооружени сили Ева Хегел е уште еден германски претставник во областа на безбедноста, која бара длабоки промени во германската армија по објавувањето на прислушкуваната аудио снимка на четворица офицери на Бундесверот во руските медиуми, јави ДПА.
-Пред сè, одговорните лица на сите нивоа во вооружените сили мора веднаш да поминат низ обука за водење доверливи разговори, изјави омбудсманот на Бундесверот за публикациите од медиумската група „Функе“. Таа се осврнува на 30-минутната аудио снимка објавена во петокот од руската државна телевизија, поради која германските пратеници се загрижени дека може да бидат пресретнати други доверливи разговори.
На снимката се слушаат високите офицери на германските воздухопловни сили како разговараат за теоретската можност Украина да користи германски крстосувачки ракети „Таурус“.
-Исто така, мора да има гаранции дека веродостојните и доверливи информации и комуникација се трајно заштитени, рече Хегел, додавајќи дека промената е потребна во случаи кога тоа што таа го препорачува во моментов не е можно.
Хегел, исто така, повика на поголеми инвестиции во контрашпионажа и воено контраразузнавање.
Според извештајот објавен претходно денеска, можна причина за тоа што разговорот бил лесен за пресретнување е тоа што конференцискиот повик не бил шифриран. Според извори на ДПА, разговорот се одвивал на американската онлајн платформа Webex.
Германскиот весник „Билд ам Зонтаг“, повикувајќи с ена безбедносни извори, денеска објави дека офицерите се приклучиле на состанокот од нивните мобилни телефони, а врската била преку фиксна телефонска линија во канцеларија на Бундесверот.
„Постојат индикации дека линијата на комуникација што се користела не била доволно веродостојна за природата на разговорот. Ова е една верзија на истрагата“, изјавил изворот за весникот.с