Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Холандија ќе гради четири нуклеарни централи

 Парламентот на Холандија денеска гласаше за предлогот за изградба на четири нови нуклеарни централи наместо две.

Во предлогот се наведува дека две дополнителни нуклеарни централи треба да бидат подготвени за употреба од 2040 година.

Владата во заминување веќе одлучи во 2022 година да изгради две нови нуклеарни централи до 2035 година, а сега доби задача да развие план за изградба на две дополнителни електрани.

Нуклеарните централи ќе играат важна улога во енергетската транзиција на Холандија, која има за цел производството на електрична енергија да го направи јаглеродно неутрално до 2040 година

Зачлени се на нашиот е-билтен