На фарма на северот на Холандија ќе бидат заклани околу 71.000 кокошки откако беше откриен птичји грип, соопшти владата. Ова е прв случај на појава на болеста во Холандија од март годинава.
Засега владата не воведе мерка сите кокошки да се држат во затворен простор низ целата земја, нагласувајќи дека сегашниот случај на северот не бара таква постапка. Сепак, наскоро ќе се одржи состанок на стручна комисија за болести кај животните која ќе ја процени актуелната закана.
Вирусот на птичји грип почна да се шири низ Европа кон крајот на август, а негови случаи пријавија Норвешка, Германија, Португалија, Полска и Бугарија. Средината на јули болеста беше забележана и на фарма со мисирки во Шпанија.
Птичјиот грип во Европа обично се шири кај перницата на почетокот на есента.