Хорор во велешка болница: Работничка заклучена, малтретирана и испрскана во очи со средство за чистење

Вработена во здравствена установа во Велес преживеала вистински хорор на своето работно место, откако колега ја заклучил во просторија, ја нападнал и ѝ испрскал средство за чистење во очите.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 27 октомври околу 15:30 часот.
Полицијата од СВР Велес го уапсила напаѓачот — 31-годишниот М.П. од Велес — по пријава од 55-годишна жена, која известила дека била физички нападната, ѝ се заканувал со остар предмет и уништувал инвентар во просторијата.

Осомничениот бил веднаш лишен од слобода и задржан во полициската станица во Велес. Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен