Хрисохоидис: Нема веќе блокади на границите

протести

Грчкиот министер за заштита на граѓаните Михалис Хрисохоидис порача дека грчката влада повеќе нема да дозволи блокирање на царинските служби на граничните премини, оценувајќи дека ваквите блокади ѝ нанесуваат сериозни штети на економијата. Во изјава за грчките медиуми, тој рече дека државата покажала толеранција речиси 40 дена, но дека ситуацијата е неодржлива поради големите количини стоки што остануваат заглавени и прекините во снабдувањето на бизнисите со суровини, гориво и производи.

Пораката доаѓа во екот на земјоделските протести што започнаа кон крајот на ноември, со блокади и ограничувања кои периодично го засегаат сообраќајот на повеќе премини во северна Грција. Според грчките медиуми, блокадите го погодуваат и транзитот на камиони и патнички возила на дел од клучните точки, меѓу кои и Ники кон Северна Македонија, како и Евзони и Промахонас кон Бугарија.

Протестите се поврзуваат со високите производни трошоци и спорните/задоцнети исплати на земјоделски поддршки, а во меѓувреме се најавува и средба на делегација на земјоделците со премиерот Киријакос Мицотакис, во обид да се најде компромис за нивните барања.

Зачлени се на нашиот е-билтен