Христина Белева е бугарска музичарка која свири на гaдулка – традиционален жичен инструмент што се свири со гудало. Таа беше дел од културната иницијатива на WeBalkans, „Една песна, една Европа“ која се одржуваше во Скопје од 14 до 16 септември, во кој учествуваа 12 музичари од различни држави, секој со свој инструмент, традиционален или класичен.
„Силата и убавината е што преку нашите инструменти ние му даваме глас на нашето срце, на нашата душа, на нашата историја и потекло“, вели Христина.
Според неа, музиката ја руши секоја граница и создава заедништво што не може да се опише со зборови. „Ода на радоста“ е симбол на таа поврзаност – бидејќи радоста е нераскинливо врзана со љубовта што луѓето треба да ја споделуваат меѓу себе.
„Ние сите сме исти. Без разлика од каде доаѓаме, сите имаме слични животи – ги приспиваме децата, ги миеме садовите, ја прегрнуваме сопругата или сопругот, сакаме, се лутиме. Сè човечко не ни е туѓо“, додава Белева. Нејзината порака е јасна: човек треба да си ја слуша душата, да биде во мир со себе и да создава убава музика – без етикети и без поделби.