Пилот-проект во Матар, финансиран од Европската Унија, собира стадо од околу 300 црни, кафеави и шарени кози. Тие секојдневно преминуваат пешачки патеки, автопати и планински превои, отстранувајќи сува вегетација и трнливи грмушки кои, во најжешките месеци, би можеле да станат гориво за пожар. Локалните земјоделци го оценуваат овој проект како „успешно и трајно решение“.
Каталонија, како и целиот медитерански регион, се соочува со сè почести и разорни пожари, поттикнати од суши и климатски промени. И покрај најлошата суша во последните сто години, бројот на пожари во овој дел од Шпанија се намали, делумно благодарение на „огнените стада“ како овој.
Козите, познати по својата ненаситност, јадат речиси сè, од борови фиданки, до трнливи грмушки, до бодликави кактуси и трн. Нивната пасење создава природни огнени појаси што машините или хемиските агенси не можат ефикасно и еколошки да ги заменат.
Франческ Теишидо и Педро Алба, двајцата во доцните триесетти години, некогаш спортски инструктор и музичар, сега се номадски овчари. Теишидо започнал пред 14 години со само седум кози на падините на Бадалона, а пандемијата го натерала Алба да му се придружи. Нивната работа, иако финансиски скромна, е водена од идејата за побавен, одржлив живот и управување со земјата.
Покрај противпожарната заштита, овој вид пасење произведува и врвно млеко, побогато со масти, протеини и ароми благодарение на разновидната исхрана на стадото, што го подобрува квалитетот на сирењето и придонесува за локалната економија.
Методи што можеме да ги примениме
Формирање на „противпожарни стада“ – здружување на локални сточари и општини со цел формирање мобилни стада за чистење на критичните области.
Субвенции од ЕУ и домашни – користење на ИПАРД фондови и национални програми за рурален развој за финансирање на овчари и обезбедување опрема (приколки, мобилни огради, лејки).
Интеграција со туристичката понуда – комбинирање на пасење со рурален туризам (на пр. „Планински пасење – чувари на природата“), што дополнително ја поттикнува прифатливоста на проектот во заедницата.
Обука за овчари – курсеви што го поврзуваат традиционалното сточарство со современите еколошки цели, вклучително и спречување на пожари.
Сезонски распореди за пасење – планирање на рутата и времето на движење на стадото, така што сите клучни појаси ќе бидат исчистени пред почетокот на летната сезона на пожари.
Овој пристап, со комбинирање на традицијата и модерната екологија, може да го врати животот во селата, да ги намали штетите од пожари и да создаде нова ниша за сточарите во земјите од регионот, каде што овчарот не е само производител на млеко, туку и чувар на пејзажот и безбедноста на заедницата.
Ако овој проект покаже успех на подолг рок, ќе испадне дека премиерот Мицкоски е во право кога неодамна рече дека „една од причините зошто ни се случуваат пожарите, затоа што немаме стока по планините да ја пасат тревата и затоа ни е тревата бујна, а сега ќе се исуши еве топло е и ќе почнат пожарите, сезона на пожари… Друго е порано, многу стока по планините илјадници, десетици, стотици илјади грла ја пасат тревата и помала е можноста за пожари…“
Единствено не беше прецизен кога не ги посочи козите како животни што можат да придонесат да се намалат површините податливи за пожари.